logo
logo
logo

Електра солушнс треба да прави надзор на коридор, А ПРИЈАВИЛА ДЕКА ИМА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ во годишната сметка за 2022

Vecer | 28.03.2023

Електра солушнс треба да прави надзор на коридор, А ПРИЈАВИЛА ДЕКА ИМА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ во годишната сметка за 2022

Фирмата која го доби тендерот за надзор над изградбата на делници од коридорите 8 и 10-д што треба да ја изведува компанијата „Бехтел и Енка“ тежок 22,3 милиони евра, според Централен регистар во просек има само двајца вработени, иако пред крајот на минатата година кога и конкурирала на повикот пријавила дека има 27 „перманентно“ вработени инженери, со што го исполнила условот во повикот до фирмите заинтересирани, објави 360 степени.

Според сознанијата до кои дошол интернет порталот во годишната сметка на „Електра солушнс“, во делот за трошоци за вработени, стои дека фирмата лани потрошила околу 20 000 евра. Во информацијата за финансиската состојба, пак, се вели дека Друштвото во тековната, како и во претходната година, има 2 вработени. Прашањето што го отвора обработената годишна сметка е – како фирма со просечно двајца вработени добива тендер во кој тврди дека има 32 редовно вработени?

Од 360 велат дека одговор на ова прашање не добиле ниту од Електра солушнс ниту од италијанската ИРД инженеринг. Минатата недела „360 степени“ објави дека во формуларите за 23 експерти во договорот за надзор над „Бехтел и Енка“, во графата за вработување, стојат фирми кои не се добитничките или подизведувачите на тендерот.

Дел од лицата ангажирани на експертските позиции пак се ангажирани и за надзор над изградба на други патишта за кои потпишале изјави дека ќе бидат ослободени од секакви други ангажмани се додека не ги завршат договорените обврски.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk