logo
logo
logo

Огнените СЕРИОЗНА БРОЈКА ВО ДУИ

Vecer | 28.03.2023

Огнените СЕРИОЗНА БРОЈКА ВО ДУИ

Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ спроведе анкета на повеќе актуелни прашања, а меѓу нив е и прашањето за кого би гласале ако изборот се ДУИ (под водство на Ахмети) и „огнените“ од ДУИ. За „огнените“ се изјасниле 31,7 проценти од анкетираните, а за „регуларната“ ДУИ 66,6 отсто, останатите немале став за ова прашање. И натаму најпопуларен е Ахмети со речиси половина од анкетираните кои за него кажале дека е позитивна личност.

Изненадувачки, лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари е на второ место, на трето место е неформалниот лидер на „огнените“ Изет Меџити, на четврто е лидерот на Беса, Биљал Касами, а на крајот е лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

ДУИ и понатаму е партијата со најмногу  поддржувачи, за неа се изјасниле 30,8 отсто, за Алијанса за Албанците 14,9 отсто, за Беса 9,6 отсто, за Алтернатива 2 отсто, за ДПА 0,3 отсто, додека за СДСМ би гласале 1,6 проценти од Албанците, а за ВМРО-ДПМНЕ само 0,1 процент..

Над половина од анкетираните Албанци (55,3 отсто) сметаат дека е добро да се направат уставни измени, а воедно ја поддржуваат идејата паралелно да се унапреди албанскиот јазик во „коофицијален јазик“, кој процент пак, оди до 89,1 отсто од анкетираните Албанци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk