logo
logo
logo

ЌЕ ИМА СУДЕЊЕ ЗА ДИВОГРАБИТЕ ВО МАВРОВО, инспекторот фалсификувал документи

Vecer | 18.11.2022

ЌЕ ИМА СУДЕЊЕ ЗА ДИВОГРАБИТЕ ВО МАВРОВО, инспекторот фалсификувал документи

Во понеделник се очекува да почнува судскиот процес против Градежниот инспектор во општина Маврово-Ростуша

Во понеделник, на 21 ноември, во основниот суд Гостивар се очекува да започне судскиот процес против овластениот градежен инспектор во општина Маврово - Ростуша, со иницијали Ќ.Џ.

Дотичниот, кој, според извори од Новинска Агенција Флака, пред 2017 година бил раководител на урбанизација во оваа општина, е обвинет за фалсификување документи и проневера на државен имот.

По обвинението од страна на странската канцеларија за криминално работење во полицијата на Гостивар, Обвинителството против него покрена кривично гонење. Судскиот процес ќе го води судијката Магдалена Мишовска, а обвинител на случајот е Хазби Исеини.

На осми јули ова година од стана на МВР беше поднесена кривична пријава против скопјанец за злоупотреба на службена должност и за фалсификување и уништување на деловни книги.

Во известувањето од МВР, се наведуваше дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Џ.Ќ.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Според МВР, во текот на октомври 2014, пријавениот, овластен градежен инспектор во општина Маврово и Ростуше, свесно изработил и потпишал невистинит и фалсификуван извод од план на населба Маврови Анови, по што до Одделение за управна постапка Гостивар поднел барање за приватизација на градежно земјиште, а во прилог го доставил изработениот невистинит извод.

Одделението за управна постапка во Гостивар во корист на пријавениот донело решение за приватизација на градежно земјиште стекнато без надомест, кое што потоа пријавениот го прикажал во Агенција за катастар и се стекнал со градежно земјиште со вкупна квадратура од 203 м², имот кој пријавениот го впишал на свое име, заведен во имотен лист“, дополнуваат од МВР.

Со ваквите дејствија пријавениот се стекнал со бесправна имотна корист - градежно земјиште со вкупна квадратура од 203 м² или 1.248.450 денари констатирано во извештај за проценка на градежно земјиште. (Флака)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk