logo
logo
logo

И после немало пари...: 43.000 МАКЕДОНЦИ ЗАМИНАА ВО СТРАНСТВО ЗА ВЕЛИГДЕН

Vecer | 12.04.2026

И после немало пари...: 43.000 МАКЕДОНЦИ ЗАМИНАА ВО СТРАНСТВО ЗА ВЕЛИГДЕН

Како што стана вообичаено, македонските граѓани одлучуваат да патуваат во странство за време на долгите празнични викенди. Според најновите податоци од Министерството за внатрешни работи, над 43.000 граѓани одлучиле да ги поминат велигденските празници во странство. Најфреквентни излезни точки беа граничните премини Табановце, Богородица и Блаце.

На граничниот премин Табановце, од 09.04.2026 година од 12:00 до 11.04.2026 година до 12:00 часот, во земјата влегле 6.279 македонски државјани, додека 16.764 македонски државјани ја напуштиле земјата. Што се однесува до странските државјани, во истиот период, во нашата земја влегле 12.075 лица, додека 10.715 лица ја напуштиле земјата.

На граничниот премин Богородица, од 09.04.2026 година од 12:00 до 11.04.2026 година до 12:00 часот, во земјата влегле 2.607 македонски државјани, додека од неа излегле 10.425 граѓани. Што се однесува до странските државјани, во истиот период, во нашата земја влегле 7.770 лица, додека од неа излегле 8.593 лица.

На граничниот премин Блаце, во земјата влегле 5.587 македонски државјани, додека од неа излегле 10.324 граѓани.Што се однесува до странските државјани, во истиот период, во нашата земја влегле 17.210 лица, додека од неа излегле 8.815 лица.

Граничните премини Ќафасан е со најмал сообраќај, од каде што ја напуштија земјата 2.216 граѓани, како и граничните премини Меџитлија и Дојран, од каде што заминаа вкупно 3.363 граѓани. Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и да ја следат состојбата на граничните премини, со цел да се избегне непотребно чекање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk