logo
logo
logo

Олеснување за возачите: Со 4 часа теоретска обука до право за управување мотоцикл од категоријата „А1“

Vecer | 31.03.2026

Олеснување за возачите: Со 4 часа теоретска обука до право за управување мотоцикл од категоријата „А1“

Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка на пратениците од мнозинството, поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 КW, a соодносот на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 KW/кг.

– Со овој Предлог на закон се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикл со автоматски менувач од категоријата А1 согласно ЕУ регулативата, откако ќе наполни 23 години, поседува минимум пет години возачка дозвола од категорија „Б“ и посетува 4-часовна теоретска обука за безбедност при управување на мотоцикли во авто школа и која важи само на територијата на државата, изјави на прес-конференција пратеникот Павле Арсовски.

Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење на евиденција за издадени потврди за посета на обуката ја пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена во рок од влегување на сила на овој закон. Автошколата ќе треба да ја издаде дозволата за посета на четири часа обука сообраќајни правила и прописи и го известува МВР.

Арсовски потенцира дека овој закон има за цел да мотивира и да поттикне што поголем број на граѓани својот автомобил при вршењето на секојдневните обврски да го заменат со мотцикл.

На новинарско прашање, Арсовски рече дека пратеничката група на ЗНАМ е обединета и останува компактна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk