Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, испрати честитка по повод празникот Курбан Бајрам.
-На денот на Курбан Бајрам, празникот на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит. Овој свет празник нè потсетува на важноста од грижата едни кон други, споделувањето на добрината со семејството, соседите и со сите оние на кои им е потребна поддршка и човечка топлина. Курбан Бајрам е исто така повик за поголемо единство, мир и хармонија во нашето општество, зацврстувајќи ја вербата дека само заедно можеме да изградиме подобра иднина за сите граѓани, посочи тој.
Во име на Собранието и во негово лично име, на верниците им посака овој празник да донесе благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во семејствата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата