logo
logo
logo

Андоновска: СДСМ ангажира ДОКТОРИ ДА РАБОТАТ КАКО БИБЛИОТЕКАРИ

Vecer | 15.01.2022

Андоновска:  СДСМ ангажира ДОКТОРИ ДА РАБОТАТ КАКО БИБЛИОТЕКАРИ

Марија Андоновска советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје вели дека СДСМ ангажира доктори да работат како библиотекари, наместо да работат во клиники.

- Има ли крај на лудилото кое секој ден ни го „сервира" СДС!? Доктори  работат како библиотекари!? Библиотека Браќа Миладиновци, раководена од кадар на СДС, бара од Советот на град Скопје да назначи докторка по медицина во управниот одбор на библиотеката, изјави Андоновска.

Таа додава дека во време кога во сите болници низ Македонија недостасува медицински кадар и нема кој да се грижи за пациентите, СДСМ  ангажира доктори да работат како библиотекари и истите наместо да ги прераспредели да работат на клиниките, тие ги предлагаат за управен одбор во библиотеката во која работат!?

- Тоа е таа неспособност на власта поради која имаме над 8000 починати само од Ковид и неколку пати повеќе изгубени животи, поради целосно нефункционален здравствен систем! Затоа треба да си заминат што побрзо и секако да сносат одговорност за цел овој хаос кој го создадоа, пишува Андоновска.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk