logo
logo
logo

Вест која се чека 20 години: ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА БОЛНИЦАТА 8. СЕПТЕМВРИ!

Vecer | 13.05.2026

Вест која се чека 20 години: ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА БОЛНИЦАТА 8. СЕПТЕМВРИ!

Македонија, во Скопје, по долг период ќе добие конечно модерна и техничко-оперативен современ клинички центар. Болница кој може да ги следи високите стандарди во регионот а македонските доктори и медицински персонал да покажат дека можат о повеќе од она што денес го добиваме од нив.

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”.

Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот.

Исто така поставени се и фотоволтаични панели со што се подобрува енергетската ефикасност, информираат од Министерството за транспорт.

На увид во реконстурираната болница, присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот Александар Николоски, министерот за здравство и други претставници на Владата како и директорот на ТАВ.

Во своето обраќање вицепремиерот Николоски истакна дека граѓаните добиваат најмодерна болница во државата.

„Навистина е посебно чувство кога се завршува еден голем проект, а денес завршуваме проект што има огромно значење не само за градот Скопје, туку и за целата држава. Во оваа болница секојдневно доаѓаат пациенти од цела Македонија барајќи врвна здравствена услуга. Се работи за врвна задравствена институција. Со оваа целосна реконструкција, дефинитивно најдобрите здравствени услови ќе можат да се најдат во “8-ми Септември”.

Кога се завршува еден проект, важно е да се каже и како започнал. Веднаш по изборот на оваа Влада, анализирајќи ја документацијата и состојбите што ги затекнавме, утврдивме дека имa околу 15 милиони евра нереализирани средства од страна на ТАВ, како концесионер на двата аеродроми.

Во однос на ова размислувавме што да правиме и на еден состанок со премиерот Христијан Мицкоски, тој ја даде идејата да инвестираме во нешто што ќе остане за генерациите по нас – целосна реконструкција на популарната Воена болница, денешна „8-ми Септември“.

Денес, го имаме проектот завршен под негово водство, во соработка со директорот на болницата, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, ТАВ и ние како Министерство за транспорт, помогнавме таму каде што беше потребно.

Се надевам дека од тука ќе излегуваат добри приказни, успешни оперативни зафати, излекувани пациенти и луѓето ќе си замниуваат со насмевки од тука, а ние ќе продолжиме да работиме”- истакна вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk