logo
logo
logo

Промени во РКЕ: Ацо Ристов застана на чело на регулаторното тело

Vecer | 14.04.2026

Промени во РКЕ: Ацо Ристов застана на чело на регулаторното тело

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.

На средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информираа новоименуваниот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои што е надлежна РКЕ, а кои се поврзани со енергетските реформи, како и за состојбата со водните услуги и статусот на процесите поврзани со новиот сектор – комунален отпад. Во фокус на состанокот беше начинот како РКЕ делува во време на ценовна нафтена криза и мерките кои се преземени со цел амортизирање на ценовниот удар на нафтените деривати.

Презентирана беше и временската рамка и процесот на усогласување на подзаконските акти и методологии со европското законодавство, што е обврска од новиот Закон за енергетика*, а во исто време се споделија и активностите и преземените обврските кон меѓународните институции како што е Енергетската заедница, Асоцијацијата на регулатори за вода од Европската Унија – WAREG и Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика ERRA.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk