Психологијата познава неколку архетипови на манипулатори, но егземпларот кој се смее додека лаже е навистина ендемски. Јавно да лажеш и да манипулираш дека НИКОЈ не те поканил на ТВ и при тоа ни лева ни десна веѓа да не ти трепнат зборува...
.. за карактерот но можеби и за моралниот материјал на еден човек.
Ниту еден нормален медимски работник не негира дека законското непрепознавање на собраниската патеничка група ( група од најмалку 5 пратеника ) е класична дискриминација, но истовремено, ниту еден психолог не може а да не се заинтересира за патологијата на оксиморонскиот модус операнди на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Знаејќи со каков лажов и манипулатор си имаме работа, официјалните покани за негово гостување но и за гостување на кандидатот Амар Мециновиќ им ги праќавме на службената email адреса Левица но и на нивните лични email адреси.

Да бидеме искрени, Амара Мециновиќ телефонски на два пати прифати гостување во неколку наши ТВ формати, но секогаш мораше да провери со лидерот, Апасиев, и потоа не добивавме повратна потврда на нашето барање.
Просто е неверојатно однесување на човек интелектуалец и педагошки работник, при здрава и незаматена свест кога знае дека има неколку писмени но и јавни покани за гостувања на Канал 5 ТВ, покани кои веќе и јавноста меѓусебно ги комуницира истите, повторно да манипулира и да лаже и при тоа да се смее.
Неверојатно но истовремено и страшно...страшно за оние кои тој ги едуцира.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата