logo
logo
logo

Мицкоски со честитка до Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква

Вашата заедница е пример за духовна посветеност, љубов и служба кон ближниот

Vecer | 20.04.2025

Вашата заедница е пример за духовна посветеност, љубов и служба кон ближниот

До: д-р Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква, свештенството и сите верници

Во овие свети денови на Велигден, кога го славиме Воскресението на нашиот Спасител, упатувам искрени честитки до Вас и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Македонија.Вашата заедница е пример за духовна посветеност, љубов и служба кон ближниот. Вашиот придонес во градењето на морални вредности и хуманост, како и во поддршката на социјално ранливите, е значаен дел од ткивото на нашето општество.Во време кога многу луѓе се соочуваат со осаменост, сиромаштија и неизвесност, Владата ќе продолжи да поддржува политики кои ги афирмираат вредностите на социјална правда, грижа за сиромашните, заштита на достоинството и слободата на секој поединец. Во тоа, вашата црква е вистински партнер во создавање на општество со сочувство и солидарност.Нека Воскресението донесе радост, мир и благослов во Вашите срца и домови.Среќен Велигден!

Со почит, Христијан Мицкоски, Претседател на Влада на Република Македонија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk