logo
logo
logo

БИЗНИСМЕНОТ ФИЛИПЧЕ Ѝ ДОЛЖИ ОДГОВОРИ НА ЈАВНОСТА: Што точно работи фирмата регистрирана на иста адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви

Vecer | 11.06.2025

БИЗНИСМЕНОТ ФИЛИПЧЕ Ѝ ДОЛЖИ ОДГОВОРИ НА ЈАВНОСТА: Што точно работи фирмата регистрирана на иста адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви

Додека Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДСМ главен фокус на Филипче му е бизнисот во Бугарија и фирмите кои се на иста адреса како и фирмите на кланот Заеви, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Македонија беше во здравствена и енергетска криза Венко Филипче како тогашен министер за здравство освен што имаше низа скандали како тие со набавката и провизиите за кинеските вакцини, Филипче си градел и луксузна хациенда на три ката на Водно, вредна еден милион евра и си отворал фирми во Бугарија, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Додека Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДСМ главен фокус на Филипче му е бизнисот во Бугарија и фирмите кои се на иста адреса како и фирмите на кланот Заеви. Венко Филипче и ден денес е управител на бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост. Статусот на фирмата и ден денес е активен што се гледа и од електронските регистри. Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви. Фирмата на Филипче, Пауер Ај 8 е фирма регистрирана за изградба на згради, продавање на станови, нивно издавање, потоа за трговија, но и за хотелска дејност. Дали тоа што е претседател на СДСМ му овозможува полесна соработка со Бугарија и ширење на бизнисот? Филипче е должен на јавноста да ѝ одговори што точно работи фирмата и какви бизниси има во Македонија, Бугарија, Персискиот залив и во Дубаи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk