logo
logo
logo

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, ќе се суди во Идризово а се изземаа некои од судиите

Vecer | 16.10.2025

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, ќе се суди во Идризово а се изземаа некои од судиите

Почнува судењето за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија – катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Кривичниот суд го закажа почетокот за 19 ноември во 9.30 часот. Ќе се бара одговорноста за смртта на 63 млади лица и за повредите на околу 200 лица, кои кобната вечер на 16 март присуствуваа на концерт на популарниот бенд ДНК.

Главната расправа за кривично правниот предмет „Кочани“ со К.бр. 1872/25 ќе се одржува во судницата во затворот „Идризово“.

На обвинителна клупа ќе седнат 37 обвинети лица, кои што имаат 33 бранители.

„Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани, па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост. Согласно АКМИС-системот, распределен на понатамошно постапување е кај судија Диана Груевска Илиевска.

Поради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, но и заради транспарентно известување на јавноста за предметот, информираме дека покрај судиите кои се иззема од постапување пред оцената на обвинителниот акт, дополнително и судиите Тамара Витларова-Смилевска и Илина Смичковска-Илиевска се изземаа од постапување по предметот поради исполнување на законските одредби, односно, лично познанство со дел од оштетените“, соопшти Кривичниот суд.

Како втор член на судечкиот совет кој ќе постапува по предметот, согласно измените на годишниот распоред за постапување на судиите, ќе постапува судијата Ахмед Идризи, се додава во соопштение

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk