logo
logo
logo

НЕКОЈ УПОРНО ГО ПОТПАЛУВА ГРАДОТ Орце Ѓорѓиевски им заблагодари на пожарникарите за херојството во Пинтија

Vecer | 16.09.2025

НЕКОЈ УПОРНО ГО ПОТПАЛУВА ГРАДОТ Орце Ѓорѓиевски им заблагодари на пожарникарите за херојството во Пинтија

Некој упорно сака го потпалува градот и за тоа ќе мора да има одговорност, објави градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во врска со пожарот во сервис во населбата Пинтија кој изби рано наутро повикувајќи ги МВР и Јавното обвинителство на реакција.

Ѓорѓиевски објави фотографија со командирот на Противпожарната бригада на Скопје, благодарејќи му на брзата акција.

„После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко – вистински чувари на градот и наши херои! Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.

Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат. Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви. Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!“, напиша Ѓорѓиевски и објави слики од пожарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk