logo
logo
logo

Нов државен обвинител ќе се избира на ЈАВЕН ПОВИК, ДА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ КОИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ

Vecer | 10.12.2025

Нов државен обвинител ќе се избира на ЈАВЕН ПОВИК, ДА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ КОИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ

-Пратениците го бираат јавниот обвинител, тие се оние кои решаваат кое е најдоброто решение за функцијата. Главен јавен обвинител ќе биде избиран на јавен повик, на кој ќе може да се пријави секој оној кој ќе ги исполнува условите согласно закон и согласно објавениот повик. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите во врска со предлогот на Владата за разрешување на главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Премиерот рече дека очекува брзо да се одвива целата процедура на избор на нов главен јавен обвинител.

– Предлогот за разрешување на главниот јавен обинител веќе е образложен. Истиот ако не е досега доставен до Собранието, ќе биде – рече Мицкоски.

За негативното мислење од страна на Советот за јавни обвинители по однос предлогот за разрешување на Коцевски, премиерот рече дека тоа е став на тоа тело, односно дека Владата има поинакво мислење.

Владата на вчерашната седница усвои предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во појаснувањето на одлуката беше посочено дека Владата ја продолжува постапката што беше привремено стопирана за време на изборниот период.

Предлогот до Собранието за разрешување на Коцевски од функцијата се спроведува врз основа на член 88 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk