logo
logo
logo

Венко Филипче со газдата на фабриката од која беше запленета илегална марихуана

Vecer | 13.02.2026

Венко Филипче со газдата на фабриката од која беше запленета илегална марихуана

Поранешниот премиер Зоран Заев и сегашниот лидер на СДСМ Венко Филипче влегуваат во сè поголема замка за нивната поврзаност со запленетите 40 тони марихуана, акција кога е спроведена како резултат на петте тони запленети во Србија.

Дел од пронајдената дрога во Србија потекнува од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, компанија која во јавноста се поврзува со лица блиски до СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев М’гчев, поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село и човек близок до Заев. Оттаму се одземени близу 30 тони марихуана.

Дека Заев и Филипче не само што се знаат туку се и соработнтици покажува и фотографијата на која се Тони Котев и лидерот на СДСМ.

Филипче вчера во емисијата „Само вистина“ рече заплената на дрогата кај Котев е дефокус.

Ова е дефокус бидејќи нема одговор од главните прашања. Дрогата очигледно потекнува од Македонија. Кој е на власт две години и што правеле до сега? праша Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk