logo
logo
logo

„БОДИ КАМЕРИ“ и НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА МВР, најави министерот Тошковски

Vecer | 15.05.2026

„БОДИ КАМЕРИ“ и НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА МВР, најави министерот Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека МВР е посветено на модернизација и професионализација на полицијата, со употреба на современа технологија, „боди-камери“, аналитичка поддршка и мобилни полициски единици.

– Кога говорам за ова, говорам од аспект на максимално професионализирана полиција со максимално добро опремени возила кои што практично би биле полициски станици во движење, со употреба на „боди-камери“, со двонасочна комуникација на таквите „боди-камери“ со команден центар, со аналитичка поддршка во живо од страна на команден центар којшто ќе ги насочува, упатува и дава соодветни влезни податоци за постапување на полициските службеници, рече Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk