Поради зголемувањето на платите во Министерството за внатрешни работи, државните трошоци бележат раст. Сепак, средствата за капитални инвестиции се зголемени за симболични пет милиони евра до крајот на годината.
Во проекциите стои дека економскиот раст останува на 3,7%, но инфлацијата се зголемува на 2,8%, што укажува на поскапување на животот.
Владата најавува дека буџетскиот дефицит ќе се намали, а јавниот долг ќе остане стабилен. Опозицијата, пак, изразува скептицизам за вистинското подобрување на животниот стандард на населението.
За најновиот предлог за ребаланс на буџетот беше дискутирано и во попладневните информативни емисии.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата