logo
logo
logo

21-годишен возач под истрага по смртна несреќа

Vecer | 25.03.2026

21-годишен возач под истрага по смртна несреќа

Возачот кој удри и усмрти пешак во скопско Марино е лишен од слобода, информираше Министерството за внатрешни работи. Возилото „киа“ на 21-годишниот   е одземено и ќе биде предмет на вештачење. Вештачењето треба да даде појасна слика за околностите .

Исто така, јавен обвинител наредил обдукција на телото, додека увидната екипа на СВР Скопје извршила детална проверка на местото на несреќата.

Несреќата се случила на улицата „500“ во селото Марино. Патничкото возило управувано од младиот возач удрило во 52-годишен пешак, кој од здобиените повреди починал на самото место.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk