logo
logo
logo

Дарко Јаневски

Не сакаме слики од Заев на јахта, туку кај Бобан Утковски!

Vecer | 21.06.2026

Не сакаме слики од Заев на јахта, туку кај Бобан Утковски!

Тулси Габард, на последнито ден од својот мандат публикуваше некои документи за Ентони Фаучи. „Драма!“. Ама не знам зошто. Ништо од тоа што таа објави и потоа замина од функцијата, за да се посвети на својот сопруг кој боледува од канцер, не е ново. Всушност, се е далеку од тоа што навистина е сторено, само што овој пат тоа го публикува разузнавачка заедница и што станува збор за документи.

Инаку, најголемиот меѓу големите, д-р Роберт Малоун, уште во пролетта 2020 година објави дека ЦИА имала свој човек во Вухан во последните три месеци од 2019 година во ликот на врвниот епидемиолог и вирусолог Мајкл Калахан (истовремено и офицер на ЦИА) кого потоа, на ден односно час пред херметичкото затворањето на Вухан, тајната служба на Кина, припадници на нејзината Комунистичка партија, го изнесуваат од градот.

Истиот тој Калахан, уште на 4 јануари 2020 му пишал на Малоун: „Роберт, имаме вирус“. Веднаш потоа, стана јасно дека Фаучи преку некаква си невладина „Еко алијанс“(позната шема, зар не?) префрлал пари на американските даночни обврзници во лабораторијата во Вухан. И додека светот го занимаваа со приказните за лилјакот од пазар кој бил зготвен и изеден од некој си локален жител, тие што ги разбираат работите знаеја дека во Вухан, со американски пари, на Ковид вирусот му е вметната дополнителна тоскичност (земете го за доказ спајк протеинот од вакцините кој е одговорен за вистинската канцер епидемија во западниот дел од светот и за кого сега од Вирџинија доаѓа и студија за тоа), и создаден е вирус кој е лесно пренослив од човек на човек. Инаку, стариот, „необлагороден“ во лабораторија вирус, едноставно тешко се пренесува од животно на човек, а пота од човек на човек.

Како и да е, создавањето на овој вирус во лабораторија, како и токсичноста на спајк протеинот од вирусот и вакцините, не е никава тајна за врвните американски стручњаци и тука и таму – по некој од Европа. Но, тоа што сега ги шокира Американците е дека Фаучи успеал да диригира што ЦИА ќе запишува во своите извештаи и како потоа во Америка, а и во западниот дел од светот се диригрираат наводно независните, професионални и објективни мејнстрим медиуми. Всушност, станува збор за класично измиено, поданичко и корумпирано новинарство, кое сите кои тврдеа поинаку од Фаучи ги прогласуваа за заговорници. Се отиде дури до таму што и д-р Малоун, кој настрада од „Модерна“, кој се разболе во февруари 2020 и мислел дека ќе умре, уште на почетокот го имал лекот: 134 мг фамотадин во комбинација со антибиотик.

Се разбира, одбиено од ФДА. Како што и Бајденовци го прогласуваа ивермектинот опасен за луѓето, се потсмеваа дека тоа е лек за коњи, а не за луѓе и тоа го објавуваа на билборди, а Индијците токму со помош на ивермектинот го решија проблемот со епидемијата и имаат најмала смртност во светот (таму во некои држави, на секој жител му беше давана кутија ивермектин, оксиметар, антибиотик и уште нешто, не се сеќавам веќе што, но тоа функционираше).

Во секој случај, иако не изнесе ништо ново, Тулси Габард ја извади на површина искривоколченоста на разузнавачката заедница, страотното диригирање со западните медиуми кое не е различно од тоа во комунизмот, како и корумпираноста на медицинската струка (експерт пишува во меил дека вирусот е најверојатно лабораториски, потоа добива грант и објавува дека вирусот е природен). Впрочем, самиот Малоун раскажува како при едно предавање во Португалија, една стара жена, од првиот ред станала и му рекла:

„Ве сметавме за лидери. Ама корумпираноста на вашата ФДА изгледа нема граници“.

Тие зборови, раскажува потоа Малоун, „ме удрија по лице како врел шамар“. Едноставно делуваа освестувачки. Не случајно, тој епидемијата и западните вакцини ги нарече „најголем експериент во историјата на човештвото“. Впрочем, нашиот Диме Грумар уште на почетокот од епидемијата со чудење запраша: „Како тоа вирусот од Вухан стигна до Италија, а не стигна до Шангај и Пекинг?“

Овие редови ги пишувам зашто и самиот се обидувам неколку години на луѓето во Македонија да им ја предочам заднината за случајот кој се уште може да им го загрози здравјето, предочувајќи им го сега и решението за спајк протеинот. Се разбира дека се вакцинирав, не сум антиваксер, ама првиот термин за „Фајзер“ едноставно го прескокнав. А оние што сега се обидуваат поради тоа што ги објавувам сите сведоштва за вештачкиот спајк протеин и отровот од него, да ми го импутираат како некакво „антиваксерство“ и на тој начин да ме дисквалификуваат, во моменти кога за ова драма се случува и во Сенатот, едноставно ги сметам за не баш интелектуално развиени. Се извинувам, ама тоа е баш така.

Инаку, на домашен терен, една од забавите беа снимките од Заев на некаква си јахта. Супер, ама поентата не е Заев да биде сликан со јахтата, туку таму кај Бобан Утковски. И додека тоа не се случи, додека не се расчисти и со Заев и со Заевци, наместо истите да бидат претворани во сојузници, Македонија нема да има мир. Зашто, како што Ковид вирусот и мНРА вакцините беа и се најголем експеримент во историјата на човештвото, Заев и Заевци беа најголем експеримент во историјата на Македонија. Фаучи нема да биде решен, ние Заев и Заевци мораме да ги решиме. Зашто сите предавства во историјата на Македонија, собрани на едно место, и тие на Гоце и Даме, и Карев и Кузман и да не набројувам натаму, не се ни блиску до предавството од Заев и неговата тајфа.

Патем, кога погоре ги споменав западните новинари: што стана со оние нашите т.н. новинари кои се обогатија преку нивните роднини и оној Фонд за иновации. Или и тоа е „ад акта“ случај?

Инаку, во петокот имав работа во станицата за регистрација на возила „ЕПС контролцентар“ на Словенечка улица во Скопје. Нешто по 15 часот е, тој на шалтерот на МВР, прокелав, некаде околу 40 години, со очила и брадичка, го губи времето со разговори со пријатели, со документи преку ред, малку се дере на луѓето, демек тој е шеф, ама си велиме, добро, работи до 16 часот, ќе завршиме работа. Во 15 и 20, откако претходно ги искара тие што чекаат, рече: „Уште двајца, другите одете си!“

Чекај малку, нели работиш до 16, го прашувам? Ааа, не, работел со странки до 15 и 30, после средувал документи. И ти доаѓа да му ја треснеш главата од шалтер, онака машки и да му удриш една заушка, се разбира, не ти паѓа на памет, но само ти доаѓа и заминуваме. Одиме до АМСМ во непосредна близина. И таму не можело после 15 и 30. Супер.

И на крај, во 10-15 минути пред 16 часот, стигнуваме до ПСС станицата за технички преглед после Систина. На шалтерот на МВР, момче во црвена маица, љубезен, услужлив до крајни грнаици, до него црномурест колега, и за пет минути завршуваме работа. Им заболагодарувам им пружам рака и си заминуваме. Сакам да се вратам да го снимам оној првиот, ама си велам, „тури му пепел“, што би рекле скопјанчиштана.

Проблемот е што и оној безобразниот неработник кој заврши до 15 и 30 и овие момци кои беа љубезни, и работеа до последната минута од работно време, ќе земат на први еднакви плати. Зошто? Затоа што нашите прописи го стимулираат и штитат неработењето, безобразлукот, неквалитетот и јавашлукот на „државните“. И тоа, мора да се смени. Зашто спротивното се само исклучоци, ама крајни исклучоци на луѓе кои се спремни да работат и болни или дури и по полноќ, само и само да се заврши работата. И тоа го знае секој министер и секој кој раководи некоја институција.

За крај, на тие кои се будат преку ноќта или како што реков еднаш „ја чуваат ноќта од будните“ (не сакам да се повторувам, но не сум баш спиен и не ми доаѓа на ум нешто ново, па се извинувам), да им кажам дека утрово ноќта замина точно во 4 часот наутро, а светлината дојде со мало зацрвенување (или беше розева боја?). Како тоа, кога Сонцето изгрева во 4:59, не ми е јасно, ама не е ни битно. Еден диазепам од 5 мг и два мелатонина или два по 2 мг и два мелатонина и ќе добиете уште еден час спиење. Од 5 часот, па натаму. А до пет, фудбал, колумни или вртење во кревет – сеедно.

Дарко ЈАНЕВСКИ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk