logo
logo
logo

ЌЕ ЛЕЖИ 13 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР: Врховниот суд го одби барањето на Васил, возачот кој ја прегази и усмрти Фросина

Vecer | 18.03.2026

ЌЕ ЛЕЖИ 13 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР: Врховниот суд го одби барањето на Васил, возачот кој ја прегази и усмрти Фросина

Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, момчето кое nа пешачки премин, минатата година во Скопје, ја прегази и усмрти Фросина Кулакова. Ова значи дека неговата казна од 13 години затвор останува на сила, и тој веќе нема правни мерки со кои би можел да ја ублажи казната.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години, информираат од Врховниот суд.

Јованов првично беше осуден на 12-годишна затворска казна од Кривичниот суд, на Апелација му ја зголеми казната за една година.

Кобната сообраќајка се случи минатата годината, а според пресудата, Јованов без возачка дозвола, под дејство на алкохол и на црвено светло удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло, при што таа починала на лице место.

На Јованов му се судеше за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривилниот законик, за што е запретена затворска казна од 4 до 20 години затвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk