logo
logo
logo

Да се провери каде запрела постапката: ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА НАВРЕМЕ ДОБИЛА СОГЛАСНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Vecer | 04.06.2025

Да се провери каде запрела постапката: ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА НАВРЕМЕ ДОБИЛА СОГЛАСНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Министерството за финансии одговорило позитивно и навреме за вработувањата во тетовската болница, изјави, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, коментирајќи ги изјавите од протестот на медицинскиот персонал во оваа болница.

Таа рече дека постои процедура за одобрување и добивање согласност за нови вработувања, но не знаеше да каже каде запрела постапката.

- Процедурата за барање за согласности за вработување оди така што Министерството за здравство испраќа допис за барање за согласности, без разлика дали е за договори на дело, за определено или неопределено време, до Фондот за здравство, оттаму се испраќа допис до Министерството за финансии кое врши проверки, дали има или нема средства. Во случај да нема, не се одговара позитивно, а ако има средства рокот за одговор е триесет дена – рече таа.

Според неа досега не се случило Министерството за финансии да не одговори во определениот рок кога станува збор за позитивните согласности.

– Во конкретниот случај со тетовската болница, одговорено е навреме и одговорено е позитивно, пред тие да почнат, да кажеме да реагираат. А, каде застанало се, истиот пат се враќаме назад до Фондот за здравство, па фондот за здравство до Министерството, по министерството до болницата во Тетово. Каде застанало во движењето, треба да одговорат од Фондот за здравство или Министерството за здравство. Но, ве уверувам кај нас не е запрена постапката бидејќи сè се евидентира за се има архива – рече Димитриеска Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk