logo
logo
logo

Бил во постојан контакт со синот на газдата на дискотеката Пулс

Уапсен е Драган Паунов, инспектор во УЈП и брат на в.д претседателката на Кривичен

Vecer | 20.11.2025

Уапсен е Драган Паунов, инспектор во УЈП и брат на в.д претседателката на Кривичен

Во денешната акција на кочанското обвинителство и МВР, а поврзана со кочанската дискотека ,,Пулс”, уапсен е Драган Паунов, вработен во УЈП Штип.

Паунов е брат на в.д. претседателката на Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, а истрагата покажала дека тој бил во постојан контакт со синот на газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко.

Комуникацијата меѓу нив е дел од доказниот материјал.

Името на вработениот во УЈП осамна во сторијата на ИРЛ, кога беа објавени пораки помеѓу Михајло Јованов и инспектори од УЈП, ДПИ и полицијата. Се посочуваат дојави до дискотеката пред инспекциски контроли, сомнежи за поткуп низ подароци и информации дека полициски инспектори биле редовни гости иако локалот работел без исполнети услови.

Од МВР повеќе детали за акцијата најавија за подоцна.

Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, ни одговорија од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk