logo
logo
logo

Мицкоски го честита католичкиот Велигден: ДА СЕ ИЗДИГНЕМЕ ДУХОВНО И ДА ГИ НАДМИНЕМЕ СИТЕ ПОДЕЛБИ

Vecer | 05.04.2026

Мицкоски го честита католичкиот Велигден: ДА СЕ ИЗДИГНЕМЕ ДУХОВНО И ДА ГИ НАДМИНЕМЕ СИТЕ ПОДЕЛБИ

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до сите христијани кои го прославуваат католичкиот Велигден според грегоријанскиот календар во негово лично име и во име на Владата, посочувајќи дека овој празник е најголемиот и најрадосниот во христијанската вера.

– Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта. Нека веста за Воскресението на нашиот Господ Исус Христос ги исполни вашите срца со вера, мир, љубов и нова сила. Нека овој светол ден ви донесе здравје, благослов и радост во секој ваш дом и семејство. Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби, истакнува Мицкоски.

Во овие времиња на предизвици, рече премиерот, сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија.

– Само преку толеранција, заедништво, сплотеност, хуманост и взаемна почит можеме максимално да придонесеме за подобра и поправедна држава и за просперитетна татковина во која секој граѓанин ќе има можност за достоинствен живот, сигурна иднина и економски напредок. Нека духот на овој празник нè инспирира да градиме мостови на разбирање, да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и да работиме заедно за да ја направиме нашата земја уште поубава, поуспешна и пред се посреќна, како за сите нас, така и за идните генерации, нагласува премиерот Мицкоски во честитката што ја објави на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk