Гледајќи низ призмата на историјата, најголемите предавства ги има направено СДС, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, стои во соопштението од партијата.
Во текстот се додава:
„Од менување на име, знаме, Устав, за денес повторно СДС да се спремни за ново предавство на чело со Филипче.
Овој пат не било какво предавство туку најстрашното за македонскиот народ, а тоа е редефинирање на историјата, негирање на јазикот и идентитетот.
Се она што сме го учеле и пренесувале од колено на колено, Филипче и СДС се спремни да го променат.
Филипче и СДС утре би потпишале дека постоиме од 1945 година.
И без разлика на тоа што конечно ЕУ не гледа како достоинствена држава, со напредна економија, која е сериозна во намерите да успее во реформите и да биде пример во регионот, Румен Радев, Венко Филипче и СДС повикуваат на уставни измени.
За Радев ни е јасно, меѓутоа со што е уценет Филипче за да води таква политика?
Наместо да застане во одбрана на македонските интереси, тој ги распродава.
Почитувани граѓани, добро е да се потсетиме зошто СДС и Филипче се во опозиција. Затоа што одат по стапките на Заев. Затоа рејтингот им е колку една шака и ќе бидат декласирани на следни избори“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата