logo
logo
logo

„Ковачевски ЛАЖЕ И СЕЕ ПОЛИТИЧКА МАГЛА“

Vecer | 08.12.2023

„Ковачевски ЛАЖЕ И СЕЕ ПОЛИТИЧКА МАГЛА“

Зоран Димитровски екс заменик министер за локална самоуопррава вели дека премиерот Ковачевски сее политичка магла и дрско лаже дека имал контакти со Палевски.

Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното интервју за „360 степени“ изјави дека сум сум се среќавал со Палевски минатата година и ме прозва да одговорам што сум разговарал со него. Го повикувам Ковачевски да каже кога и каде сум се среќавал со Палевски и да и предочи на јавноста транскрипт од разговорот ако го има. Во спротивно ќе сметам дека ме помешал со некој истакнат член на СДСМ. Палевски последен пат сум го видел пред 4,5 години, кога се уште се надеваше дека Зоран Заев ќе му даде повторно да ја води градската организација на партијата, како во златните времиња на Црвенковски…,напиша Димитровски на својот Фејсбук профил.

Во интервју за „360 степени“ Ковачевски праша и што правеле на состаноци со Палевски минатата година поранешен претседател на ЛДП и генералниот секретар на Демократски сојуз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk