Идејата на Општина Центар за затворање на Дебар Маало за сообраќај предизвика поделени реакции меѓу жителите. Некои сметаат дека ваквата мерка ќе придонесе за намалување на метежот, додека други стравуваат дека може да се наруши нормалното секојдневие.
Според поранешниот директор на паркинзи во Општина Центар, Васко Кичевски, концептот е добар, но неговата реализација е речиси невозможна. Тој предупредува дека одлуката може дополнително да го отежне пристапот за луѓето кои живеат во овој дел од градот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата