Република Бугарија во јули 2022 година (за време на владата на СДСМ и ДУИ) доставила забелешка до Советот на Европската Унија (ЕУ), а во пресрет на усвојувањето на преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ, во која меѓу другото тврди дека македонскиот јазик е заснован врз бугарскиот литературен јазик односно дека македонскиот јазик бил создаден во 1944/45 година во рамките на поранешната Социјалистичка федеративна република Југославија (СФРЈ), објавува мкд.мк.
„Во врска со став 7 од Заклучоците на Советот за проширување – Северна Македонија и Албанија од јули 2022 година, во врска со став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и споменувањето на официјалниот јазик, според нејзиниот Устав, како јазик на превод на законодавството на ЕУ, Бугарија со ова го повторува следново, бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на бугарскиот литературен јазик. Создавањето на ‘македонскиот јазик’ во 1944/5 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (рекодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со народни форми, со што се симулираше ‘природен’ процес базиран на дијалекти“, пишува во документот што Бугарија го приложила како забелешка до Советот на Европската Унија.

Станува збор за документ кој е приложен како додаток кон пакетот документи поврзани со отворањето на пристапните преговори на Македонија за влез во Европската Унија.
Целиот текст на овој линк
Фото: Курир.мк АИ
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата