logo
logo
logo

Зелено светло за измените во Законот за студентски стандард

РЕД И ДИСЦИПЛИНА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ - Опомени и долгогодишни казни за оние што ќе прават неред и хаос!

Vecer | 16.07.2026

РЕД И ДИСЦИПЛИНА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ - Опомени и долгогодишни казни за оние што ќе прават неред и хаос!

Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница утврди дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој се носи по скратена постапка, е прифатлив и го проследи на натамошно читање во Собранието. Со овие измени се става крај на долгогодишните девијации со сместувањето и конечно се воведува строг ред во студентските домови низ државата.

Како што образложи пратеничката Христова, главната цел на измените во членот 24 е да се дефинира старосната граница за престој во државните студентски домови за да се заштитат државните ресурси и да се овозможи сместување само на оние на кои ваквата поддршка навистина им е најпотребна.

„Измените се однесуваат на член 24 став 1, каде што се додаваат зборовите: ’а кои не навршиле 30 години на денот на поднесување на барањето за прием во државен студентски дом‘. Со ова точно ја прецизираме старосната граница за да не се прават злоупотреби во системот“, истакна Христова.

Освен возрасната рамка, со законот се менува и членот 27 со кој се доуредува постапката за изрекување воспитни мерки за студентите кои нема да се придржуваат до куќниот ред. Законодавците предвидуваат скалести казни кои можат да завршат со долгогодишно исклучување од студентскиот систем на територијата на целата држава.

Доколку студентот не ги почитува пропишаните правила за заеднички престој, може да му се изрече воспитна мерка -  писмена опомена, опомена пред отстранување и забрана за користење на услугите во студентските домови на целата територија на Република Македонија и забраната може да биде од една до пет години

Според предлагачите на законот, овие реформи се клучни за да се обезбеди далеку поголема правна сигурност, заштита, безбедност во самите објекти и достоинствени услови за престој на вистинските студенти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk