logo
logo
logo

Зошто жени БИРААТ НЕВЕРСТВО, НАМЕСТО РАЗВОД

Vecer | 02.08.2021

Зошто жени БИРААТ НЕВЕРСТВО, НАМЕСТО РАЗВОД

Жените изневеруваат кога имаат добра причина за тоа. Голем број тие кои се неверни и тоа последователно, остануваат во брак. Психолозите и брачните советници ја објаснуваат причината за таквото однесување.

Најчестите причини за ова се:

Сакаат да бидат сигурни во своите чувства

Иако можеби размислуваат да ја прекинат врската во која се наоѓаат, тие сакаат да бидат сигурни дека го нашле вистинскиот маж со кого ќе можат да продолжат да живеат. Не се подготвени да останат без партнер, па седат на две столчиња.

Немаат доволно храброст да го направат тој чекор

Кога се потполно сигурни дека сакаат да го напуштат својот партнер, некои жени немаат доволно храброст да се соочат со својот партнер. Наместо директно да му кажат на својот партнер дека се е готово и да го продолжат животот без него, тие претпочитаат да изневеруваат.

Не сакаат да се посветат на еден маж

За некои жени, не е доволно да имаат еден партнер во животот. За нив, изневерувањето е забавно. Обично ги чува емоциите за партнерот со кој е мажена, но и треба забава надвор.

Неверство од одмазда

Дури и кога простува, ако мажот изневерил, таа ќе се обиде да не му остане должна. Кога искрено не може да го преброди неверството на партнерот, наместо да ја прекине врската, попрво ќе се одмазди.

Никогаш не и се допаѓал

Жените понекогаш стапуваат во брак од погрешни причини. Можеби емоционална или материјална поддршка, или не сакала да биде осамена, или мислела дека тие емоции се љубов. Психолозите велат дека кога се случуваат вакви ситуации, жените обично завршуваат со изневерување на своите партнери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk