logo
logo
logo

Зошто се*сот е добар за кожата? Колку повеќе се*с толку помалку брчки

Vecer | 19.07.2021

Зошто се*сот е добар за кожата? Колку повеќе се*с толку помалку брчки

Здравиот сексуален живот може да го подобри изгледот на вашата кожа, да го намали стресот и уште неколку работи кои што се добри за вашето тело.

Според дерматологот и психијатар Ејми Вечслер, она што се случува со вашата кожа е длабоко поврзано со она што се случува во вашиот живот. На пример, стресот, недостаток на секс и непроспиените ноќи може негативно да влијаат на вашата кожа, што резултира со сувост, брчки и чувствителност.

- Кога седам со пациенти по некое време, им поставувам отворени прашања: како спијат, какви се нивните односи и што се случува со нивниот сексуален живот. На некои луѓе им е чудно, па ми велат: „Знаеш, јас сум тука за кожата“. Јас секогаш им кажувам како сето тоа е поврзано. Сексот е добар за вашата кожа и го намалува стресот - објаснува таа.

1. Го зголемува нивото на хормони добри за кожата. Истражувањата покажаа дека жените кои се сексуално активни (вклучително и оние кои мастурбираат) имаат поголемо ниво на естроген, бидејќи нивото на хормоните се зголемува за време на оргазмот. Естрогенот е клучен за нормално функционирање на кожата, крвните садови, фоликулите на косата, масните жлезди и меланоцитите (познати како клетки што создаваат пигмент).

2. Го намалува стресот. Оргазмите ослободуваат окситоцин, кој го намалува нивото на стрес. Помалку кортизол доведува до помалку распаѓање на колаген и еластин, што доведува до помалку брчки. Едно истражување спроведено на над 3.000 мажи и жени открило дека оние кои имале секс три пати неделно изгледале седум до 12 години помлади од нивната вистинска возраст.

3. Ја стимулира циркулацијата. Бидејќи сексот е вид на физичка активност, тој исто така може да го стимулира ослободувањето на азотен оксид, што го зголемува протокот на крв и кислород во телото.

Ејми препорачува сексуалната активност затоа што таа во голема мера влијае на здравјето и убавината на вашата кожа и препорачува да не ги занемарувате сексот и стресот, кои се многу важни за телото и кожата, пишува Mind Body Green.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk