logo
logo
logo

Зошто Јелена Ѓоковиќ не беше на Австралија Опен?

Vecer | 31.01.2023

Зошто Јелена Ѓоковиќ не беше на Австралија Опен?

Новак по победата беше обземен од емоции и плачеше во прегратките на својот тренер Горан Иванишевиќ, додека неговата мајка Дијана и неговите помали браќа го гушкаа и бакнуваа. Многумина се прашуваа зошто сопругата Јелена не беше со него во еден од најголемите моменти во кариерата на Новак.

Според пишувањата на српските медиуми, Јелена Ѓоковиќ никогаш не оди во Австралија со Новак.

Причината, пишуваат тие, е прилично едноставна. Австралија е предалеку за неа и таа останува дома со своите деца поради нивните училишни обврски. Сопругата на Ѓоковиќ е на чело на фондацијата Новак Ѓоковиќ, а со своите деца има бројни обврски низ Европа и Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk