logo
logo
logo

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Vecer | 20.09.2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

-  Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво. Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови, истакнуваат претставници на кочанскиот ПСК „Осогово“.

На подвигот на Зоран Николов му претходела десетдневна експедиција и овој негов најнов успех е резултат на континуитетот во планинарењето. 

Претходно,  тој има значајни искачувања на Ерменија, врвот Арарат во Турција, на масивот Памир во Киргистан, на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и на врвот Аконкагва во Аргентина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk