logo
logo
logo

Зоопарк во Канада се закани дека ќе успие 30 белуга китови, нема услови за чување

Vecer | 09.10.2025

Зоопарк во Канада се закани дека ќе успие 30 белуга китови, нема услови за чување

Паркот има намери да ги испрати китовите во Кина, бидејќи со години се соочува со критики за благосостојбата на животните и сериозните финансиски тешкотии, објави „Би-би-си“. Сепак, Владата минатата недела не одобри дозвола за преместување, поради загриженост дека китовите таму би можеле да бидат подложени на слични несоодветни услови, оти се сметаат за „третман за јавна забава“, се наведува.

„Маринленд“ потоа побара федерално финансирање за да продолжи да се грижи за китовите, но барањето беше одбиено, а канадската министерка за рибарство Џоан Томпсон го нарече тоа несоодветно.

Неопходноста од милосрдно убивање на белугите, според „Њујорк тајмс“ и „Си-би-си њуз“, е „директна последица од одлуката на министерот“, како што наглауваат надлежните во паркот.

Установата, се вели, е во „критична финансиска состојба“ и не е во можност да обезбеди соодветна грижа за китовите. Сепак, Томпсон смета дека, и покрај сѐ, Владата не треба да ги сноси трошоците за грижа за нив. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk