logo
logo
logo

ЗНАЦИ ПОКРАЈ ПАТОТ: Од нив зависи вашата среќа и вашиот ден

Vecer | 19.03.2022

ЗНАЦИ ПОКРАЈ ПАТОТ: Од нив зависи вашата среќа и вашиот ден

На сите им се случуваат моменти кога не знаат ни што и зошто им се случува, ни на каде одат работите. Збунети се, малку изгубени, во потрага по нешто за да ви покаже кој е вистинскиот пат. Универзумот може да се манифестира во нашите животи на неколку начини, а овие се 7 начини, знаци покрај патот, на кој управува нашата судбина.

Одеднаш во животот ви се случува се и сешто

Дотогаш животот ви бил здодевен и монотон, но одеднаш сè стана поинаку. Одеднаш, вашите пријатели организираат забава на која по некој счучај ќе станете главен гостин. Нови пријатели доаѓаат во вашиот живот, и иако можеби не се забавувате како порано, чувствувате како вашиот живот добива неочекуван пресврт и сè се случува брзо. Не запирајте, ако е таков периодот, одете каде што сте поканети дружете се со сите кои ви нудат друштво.

Живееш за своте цели и планови 

Сакавте одредени работи, но вашите желби постојано ги потиснаувате, одлагате. Но, кога универзумот доаѓа на ваша страна, возбудата и енергијата да се насочите кон нив ви се враќа. Има два правци по кои работите одат понатаму: едниот е да го осетите моментот и дадете допнителна воља за реалиација на плановите и старите желби, а другиот да се изненадите и блокирате од тој наплив на енергија, па дури и да се исплашите и повлечете пропуштајќи ја шансата. Кога ќе дојде таквото време на енергија, а доаѓа, не го пропуштајте, тоа не тар вечено а следната фаза ќе дојде којзнае кога.

Можностите постојано доаѓаат

Со нови повици и пријателства ќе се здобиете и со нови искуства во животот, и нови можности доаѓаат со нив. Секому универзумот му дава постојана промена на фази во кои сте енергетски привлечни, и енергетски одбивни, мајсторијата е во тоа да ги препознаете тие фази и да ги користите на правилен начин. Кога чувствувате дека сте полни со енергија, безмалку дури и ќе полетате, обратете се на својата околина за да бидете забележани, прифатени и поддржани во своите планови, желби и емоции, им требате такви на сите а секако и на самите себе. Во темните периоди направете се да бидете смирени, да се подготвувате за следниот светол период, и не очајувате добрите денови секогаш доаѓаат повторно.

Живејте за своите принципи и правила

Луѓе кои доаѓаат во вашиот живот ви носат нови искуства, придонесуваат за повеќе сознанија и искуства во вас. Таквите односи не мора нужно да бидат романтични, не се добива само љубов од околината туку се очекува и почитување, пријателство, искуство и нови знаења за нештата. Ако после сите знаења, искуства и емоции успеете да изградите свои принципи и правила кои најмногу одговарат на вашите потреби и живот, сте успеале. Ако ги имате, држете се до нив, само тие се постојано со вас, другите нешта и другите луѓе доаѓаат и заминуваат. Тоа се вика баланс помеѓу вас и универзумот.

Не градете ѕидови повисоки од вас самите

Во природа на човекот е да се чувствува безбедно ако има заштита околу себе, и секој од нас гради некакви ѕидови кон околината кои го штитат од хаос, нанесување болка или непријатно вознемирување. Но, ко се претера со тоа човек останува сам, и станува опасност сам за себе и кон себе. Без луѓе околу вас, кога ѕидовите што сте ги изгрдаиле околу себе се повисоки од вас самите и ви го затвораат видикот, вие сте осудени на сопствен затвор и изолација. А без други луѓе, опстанокот, радоста, кретаивноста и енергијата не се можни. Затоа, свретете се кон луѓето, енергијата на универзумот е заедничка и треба да се дели со другите.

Вие сте полни со радост

Бидете над ѕидовите околу вас. Работите се случуваат во секој момент, и отворете ги ширум очите дозволете им да ве допрат и да влијаат на вас. Меѓу луѓето наоколу има многумина кои носат радост во себе, следе ги и преземете го тоа чувтсво. Сонцето ве допира секој ден, отворете се и забележете го тоа, уживајте во таа енергија која ве опушта и усреќува ако и дозволите, радоста е во вас и стотици детали наоколу кои чекаат да ги забележите, само треба да и дадете можност да живее и да ве води понатаму.

Бидете отворени

И да повториме, отворете се за нештата околу себе: за луѓето, за сонцето, за снегот или дождот кога е нивно време, сите тие носат енергија која може да ве подигне и да ви го разубави денот, а дали тоа ќе се случи одлуката е ваша. Секој од нас нешто создал на оваа планета, на оваа земја по која се движи, никој не дошол на светот и не заминал без трага зад себе, и бидете горди на тоа. Не заборавајте, вие не сте елемент сам за себе, вие сте дел од универзумот кој е полн со енергија што постојано циркулира наоколу.

Знаците покрај патот, покрај вашиот пат, се постојано тука, ваше е само со мал напор да ги забележите, и со малку воља да ги користите за создавање сопствен мир и среќа. Не е тешко, по еден или по десет обиди се успева во тоа, и денот станува поинаков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk