logo
logo
logo

ЗЛОСТОРСТВО ОД СТРАСТ ИЛИ САМОУБИСТВО! Смртта на СУПЕРМЕН најголема холивудска мистерија

Vecer | 08.06.2021

ЗЛОСТОРСТВО ОД СТРАСТ ИЛИ САМОУБИСТВО! Смртта на СУПЕРМЕН најголема холивудска мистерија

Првиот телевизиски Супермен бил најден мртов после журката во неговиот дом, по овој настан следуваа децении шпекулации.

Легендарниот Џорџ Ривс шест години го носел костимот на Супермен во тв-серијата Adventures of Superman (1952-1958), како и во филмот Superman and the Mole Men (1951).

Во јуни 1950 година, една година откако серијата која го прославила била откажана, тогаш 45-годишниот Ривс бил најден мртов во неговата спална соба.

Како што било утврдено со истрагата тој настрадал од истрел во главата, а случајот бил заведен како самоубиство. Сепак, немало доволно докази, а неговиот дом таа вечер бил полн со гости, па се појавиле гласини дека се работи за убиство, и тоа од страст.

Повеќето гласини се однесувале на неговата врска со колешката Тони Маникс. Некои се сомневале дека таа пукала, додека многумина прст кревале кон нејзиниот сопрг Еди Маникс, директор на компанијата Metro-Goldwyn-Mayer. Токму Еди бил осомничен и за убиството на својата прва сопруга, а овој факт на надлежните како да не им бил важен.

Ниту еден од нив не се нашол на обвинителната клупа, а смртта на Ривс и денес се смета за самоубиство. За овој необичен случај во 2006 се сними и филм, а Ривс го играше Бен Афлек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk