20 мај за Златко Јаќовски е посебниот ден во 2024 година. Денот кога го освои врвот Лотце висок 8516 метри и е четвртио највисок врв на Хималите. За крајот на годината неговото искуство со рој емоции го раскажа пред љубителите, неговите, пријатели и семејство предизвикот на Хималаите по искачениот Монт Еверст во 2023 година. Лотце силен и моќен, но искуството од Еветст му помогнало во искачувањето.
Во искачувањето на планините нема брзање, нема кога сакате туку кога дозволува планината. Трепението е повеќе е потребено. Но во целиот процес на адаптација качување, симнување планаината се живее и дење и ноќе. Фотографии кои остануваат засекогаш врежани. Звезди каде што нема да се видат во толкав број и сјај. Но и глечери, вертилани ѕидови каде секое невнимание или брзање може да бидат фатални.
Златко е вториот Македонец кој го искачи Лотце, неколку дена пред него кардиологот Сашко Кедев Лотце го имаше ставено на списокот на високи врвоти над осум илјади метри. Совети од колегата, но и без скрајна среќа што двајцата Македонци испишаа историја во високо горството. На Хималите има луѓе од разни земји, раси сите со ист сон. Најголема гордост е 16 годишната Камија Индија која има искачено седум врвови над осум илјади метри. Златко продолжува во 2025 година со сонот на високогрството.
Сон е бескраен...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата