logo
logo
logo

Живеат надвор од градскиот метеж, а еве колкави им се месечните сметки!

Vecer | 05.07.2024

Живеат надвор од градскиот метеж, а еве колкави им се месечните сметки!

Луѓето им завидуваат на „слободата“.

Двете најдобри пријателки, Кејси и Савана, откриваат дека е можно да се живее надвор од комфорот на модерниот начин на живот. Овие две жени, кои на социјалните мрежи се претставуваат под името “Hey Wanderer”(„Еј скитнику“), поставиле нешто што личи на барака на земјиштето што го купиле заедно, а кое е опкружено со шума.

Во изминативе две и пол години, овие две другарки оваа шупа ја претвориле во дом за себе и за своите миленици - седум кокошки, две кучиња и три мачки. Нивната визија била „да ја направат бараката да изгледа како куќа, а не како магацин“ и максимално се посветиле на проектот за истата да ја претворат во дом.

Кејси и Савана се по потекло од Нешвил, Америка, а нивниот нов дом е во Апалачките планини во Тенеси. Тие заработуваат преку „блогирање“ и креирање содржини, редовно ажурирајќи го својот профил на Тикток со трансформацијата на нивната куќичка.

Тие споделиле и увид во трошоците за нивната куќа од 32 квадратни метри, оставајќи многумина без зборови.

- Со секој завршен проект, ова сè повеќе го чувствуваме како наш дом. Го користиме секој сантиметар од просторот колку што можеме – наведуваат во една од објавите.

Овие девојки месечно трошат само 11,50 евра за да купат дрва за готвење и правење логорски оган. Што се однесува до струјата, пријателките својот покрив го покриле со соларни панели, што значи дека немаат месечни трошоци на сметката за струја. За Интернет жените месечно плаќаат 65 евра, додека за пропан гас што го користат за готвење и загревање вода месечно плаќаат 16 евра. За вода не треба ништо да плаќаат, а данокот на имот им е само 4,5 евра.

Нивното видео на Тикток очигледно остави многумина без зборови, затоа што набргу стана вирално и собра два милиони прегледи за само неколку дена. Корисниците на социјалните мрежи беа изненадени од цената на животот на овие жени и многумина ја опишаа како „преубав и слободен“ начин на живот.

- Би направил сè за да можам да го напуштам својот живот и да живеам вака. Вие сте благословени.

- Колку убав живот!

- Овој начин на живот делува толку мирно и дава чувство на слобода.

- Па, прво треба да купите земја и соларни панели за да немате плаќања.

- Леле, ви завидувам на слободата што ја имате!

- Сосема сте во право за тоа. Поентата е дека некои луѓе трошат пари за да се заробат уште повеќе, а ние трошиме пари за да стекнеме слобода - објасниле овие две пријателки.

@heywanderer It has been over a year since we posted a tiny home update. We are always doing a project and it’s hard to find the balance between actually accomplishing things and filming them to share. But here she is at her current state! #tinyhome #hometour #farmhouse #homedecor #homedesign ♬ Folk Indie Acoustic - The Schmidt Brothers

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk