logo
logo
logo

Женска карма: Ако си убава спонзоруша си, ако не си мажена...

Vecer | 24.02.2021

Женска карма: Ако си убава спонзоруша си, ако не си мажена...

Кој вели дека е лесно да се биде жена? Како функционира животот на жените? Ако си паметна, убава и амбициозна – другите жени те мразат.

Мажите се плашат од тебе, а мрзливите мислат дека ќе им го земеш работното место.

Ако имаш пари – или си спонзоруша или швалерка.

Ако заработуваш сама – глупава си.

Ако трошиш многу – најверојатно си расипничка.

Ако имаш свое мислење си кучка.

Ако ќутиш – мутава си.

Ако се дотеруваш – имаш друг.

Ако не се дотеруваш, ќе те замени со друга која се дотерува.

Ако имаш машки пријатели – сигурно ти се љубовници.

Ако си немажена – нешто ти фали.

Ако имаш кариера – зошто не си мажена?

Кога ќе се омажиш, кога ќе раѓаш?

Кога ќе родиш – кога ќе родиш второ дете?

Кога ќе родиш две деца – па ти ништо не работиш?  Зарем не си имала некаква кариера?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk