logo
logo
logo

Жените во Египет често одат на реконструкција на хименот за да избегнат срам и - убиство

Vecer | 06.12.2021

Жените во Египет често одат на реконструкција на хименот за да избегнат срам и - убиство

Докторка гинеколог која нуди операции за реконструкција на хименот на жените во рурален Египет вели дека на овој начин спасува животи, иако дискретно ги рекламира своите процедури како услуга за „здравје и убавина“.

Во конзервативните општества како што е Египет, „непроменетиот“ химен е важна потврда за невиноста. Уништениот химен на невестата може да доведе до срам за нејзиното и неговото семејство. Во најлошите случаи, може да поттикне таканаречени убиства за чест кои обично ги вршат роднините на жртвите.

„Ова е наша медицинска должност - да ги заштитиме девојките од убиства и социјалната стигма на која се изложени поради хименот“, вели гинекологот Лејла, која користела псевдоним за да може слободно да зборува за својата работа.

Хируршката поправка или реконструкција на хименот - позната како хименопластика - е легална во Египет, но за повеќето е недостапна, чини до 20.000 египетски фунти (околу 1200 Евра), приближно двапати од просечната месечна плата.

За жените во руралните области како што е Горен Египет, каде што ставовите се обично ултра-конзервативни, пристапот до процедурата е уште потежок.

Здравствените услуги се ограничени и малку жени имаат средства да платат за операција. Лејла редовно патува во далечните египетски провинции за да изврши хименопластика за околу една третина од вообичаената цена.

„На мојата (Фејсбук) страница, објавувам дека одам во одредена провинција на одреден ден... луѓето закажуваат термин, а јас правам операции во нивниот дом“, рече таа.

„Има девојки кои не можат да најдат лекари во Горен Египет, и многу е тешко да се зборува на оваа тема или да се подигне свеста таму, бидејќи тоа е многу конзервативно општество“, изјави таа за Фондацијата Томсон по телефон.

Во последните девет години, вели таа, извршила околу 1.500 операции, од кои околу една третина ги направила бесплатно за особено ранливите жени.

Египетското Министерство за здравство и Националниот совет за жени, кои немаат податоци за хименопластика или убиства за чест, одбија да коментираат.

Групите за човекови права велат дека илјадници жени и девојки се убиваат секоја година на Блискиот Исток и Јужна Азија од страна на членовите на семејството лути поради вооченото прекршување на нивната „чест“, според Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk