logo
logo
logo

Жените кои изневеруваат имаат ваков прст! ПОГЛЕДНЕТЕ и ги рацете и отријте дали е НЕВЕРНА!

Vecer | 23.10.2021

Жените кои изневеруваат имаат ваков прст! ПОГЛЕДНЕТЕ и ги рацете и отријте дали е НЕВЕРНА!

Неверството е едно од најболните искуства што повеќето од нас го имаат искусено барем еднаш во животот. Кога довербата е скршена во емотивната врска, не е лесно да ја вратиме и често сме подготвени на се за да откриеме дали партнерот ни е верен.

Кога искрениот разговор не помага, многумина прибегнуваат кон не многу пофално „копање“ по телефон, прислушување, некои дури ангажираат и приватен детектив. Сепак, најновата студија на Универзитетот Оксфорд открива полесен начин да откриете дали вашиот партнер е склон кон изневерување, ова се однесува на неверните дами.

Сè што треба да направите е да ја погледнете нејзината лева рака - жените чиј показалец е подолг од домалиот прст е поверојатно да се впуштат во авантура.

Жените со подолг показалец имаат голема самодоверба која понекогаш се граничи со ароганција, но тоа не е нивниот единствен грев. Тие велат дека таквите жени биле изложени на повисоко ниво на женскиот хормон естроген додека биле во утробата на нивната мајка, па сега ги красат потипични женски карактеристики.

Во истражувањето кое било спроведено на Универзитетот во Оксфорд, учествувале 274 жени, предвид била земена должината на прстите, била тестирана нивната ДНК, а потоа бил направен и психолошки разговор за квалитетот на нивното партнерство. Се наведува дека жените кои биле изложени на поголема концентрација на естроген во матката биле поимпулсивни и почесто ги оценувале своите љубовни врски како незадоволителни. Како што пишува Дејли мејл, експерти од Универзитетот изјавиле дека таквите жени им се попривлечни на мажите, а кога тоа ќе се комбинира со незадоволство од врската во која се наоѓаат, патот до неверството станува лесен.

Психолозите предупредуваат дека оваа тема на истражување е сложена и дека резултатите мора да се земат со резерва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk