Едно истражување покажа дека гојазните дами кои имаат висок притисок и холестерол имаат пет пати поголеми шанси да им се „откачи“ тромб.
Згрутчување на крвта или тромбовите најчесто се формираат во една од длабоките вени на раката или ногата, оваа состојба се нарекува длабока венска тромбоза и се смета за опасна по живот, бидејќи згрутчувањето може да дојде до срцето или белите дробови.
Според резултатите од истражувањето спроведено од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, жените кои страдаат од дебелина, висок крвен притисок, холестерол и болести на бубрезите имаат осум пати поголем ризик од згрутчување на крвта од оние без наведените состојби, пишува британски Сан.
Резултатите од истражувањето покажаа дека една од шест жени со овие четири состојби има згрутчување на крвта, додека дебелите жени со висок крвен притисок и холестерол имаат пет пати поголеми шанси да развијат згрутчување на крвта.
Истражувањето се заснова на повеќе од 20.000 Британки со потекло од Бангладеш и Пакистан, како дел од генетската студија на заедницата. Како што истакнуваат истражувачите, забележано е дека жените кои страдаат од појава на смртоносни згрутчувања на крвта имаат специфична генска мутација, како и оние кои од различни причини примаат дополнителен естроген.
Според советите од лекарите, естрогенот се препорачува како дел од хормонска терапија за ублажување на симптомите на менопаузата. Авторите на студијата забележале дека жените кои земале естроген имаат двојно поголема веројатност да развијат згрутчување на крвта во споредба со жените кои не ја земале оваа терапија.
Според истражувањата, естрогенот кој се дава во вид на таблети за контрацепција може да го зголеми ризикот од згрутчување на крвта
Авторката на студијата Ема Магаверн објаснила дали жените кои земаат естрогенска терапија по совет на лекар треба да бидат загрижени за можна појава од згрутчување на крвта или не.
- Доколку терапијата се зема под надзор на лекар, тогаш е безбедна и има повеќе позитивни ефекти од негативни. Но, овие жени можеби не се свесни за комбинираниот ризик, односно влијанието и на генетиката и на општата здравствена состојба врз формирањето на крвните згрутчувања, тоа може да биде многу опасно за некои пациенти - истакнала таа.
Д-р Ема нагласи дека ова особено се однесува на жените од Јужна Азија поради нивната генетика, доколку имаат здравствени проблеми.
Постојат два типа на згрутчување на крвта: длабока венска тромбоза (ДВТ) и белодробна емболија (БЕ), која е фатална и бара итна медицинска интервенција.
Симптоми на длабока венска тромбоза се:
- оток на раката или ногата што не поминува долго време
- болка и осетливост што не е предизвикана од повреда
- црвенило на кожата
- отеченото место е болно и топло на допир
Симптоми на белодробна емболија се:
- тешко дишење
= ненадејна остра болка во градите која се влошува кога вдишувате
- искашлување крв
- брзо и неправилно чукање на срцето
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата