Креаторката на содржини открила дека веќе 13 години живее луксузен живот без кирија, патувајќи низ светот на крузери.
Кристин Стритс-Кестел, 44-годишна жена од САД, решила да го напушти класичниот „копнен“ начин на живот и да се пресели на море, каде што години наназад работела како директорка на крстарења. Наместо кирија и хипотека, нејзиниот секојдневен живот вклучува океани, пристаништа низ целиот свет и живот на брод.
Во текот на годините минати на крузерите, Кристин го запознала и својот сопруг, Питер, главниот инженер на екипажот, со кого ја дели љубовта кон животот на море. Иако се пензионирала од позицијата директорка на крстарења, сега ѝ е дозволено да живее на брод како гостинка на својот сопруг.
Меѓутоа, таа се посветила на создавање содржини и го документира својот секојдневен живот на крузерите на ТикТок, каде има повеќе од милион следбеници.
Открила една работа која не смее да ја прави на брод
Кристин често истакнува дека животот на крузер е посебен свет што многу луѓе не го разбираат. Токму поради таа тајност, вели таа, секој инцидент на брод брзо станува вест. Сепак, тврди дека крузерите се многу побезбедни отколку што луѓето мислат.
Таа нагласува дека повеќе од 260 крузери различни компании секојдневно пловат по морето и дека сериозните инциденти се исклучително ретки. Здравствените ризици, кои многумина ги спомнуваат, ги сведува на основната хигиена, додавајќи дека нејзиниот сопруг се разболел само еднаш во 34 години на море.
Животот на брод, се разбира, има свои предности. Како сопруга на член на екипажот, Кристин има пристап и до просториите за персоналот и за патниците, користи базен, спа центар и ресторани, и секогаш запознава нови дестинации кога бродот ќе пристигне во пристаниште.
Меѓутоа, постојат и јасни правила. Една работа која не смее да ја прави на брод е – коцкањето. Таа исто така внимава на приватноста на другите и не снима гости или членови на екипажот во своите видеа без нивна дозвола, нагласувајќи дека го почитува одморот и личното време на другите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата