logo
logo
logo

Жени еве 5 правила КАКО ДА ГО НАТЕРАТЕ ДА СЕ ЗАЉУБИ ВО ВАС

Vecer | 25.02.2021

Жени еве 5 правила КАКО ДА ГО НАТЕРАТЕ ДА СЕ ЗАЉУБИ ВО ВАС

Запознавте момче за кое мислите дека тој е вистинскиот и раните фази на врската одат прилично добро, но потребна ви е сигурност за него.  Може да биде фрустрирачки, но сепак забавно да се обидете да го импресионирате „човекот од соништата“ и да го натерате да се заљуби во вас.

Во пракса не е толку лесно да се „фрли магија“ за да се одвива сè како што треба. Сепак, ова не значи дека не постои метод што ќе ви помогне да ја достигнете целта - напротив.

Добра врска е како танц за кој се потребни двајца, а психолозите открија како љубовната врска да ја претворите во совршен танц кој ќе трае до крајот на животот.

  1. Покажете му дека го почитувате и восхитувате

Тој сака нејзиниот гламур и женственост да го привлечат. Тој сака жена која ја цени неговата способност да заштитува, да обезбедува и решава проблеми. Сака да му се восхитува за неговата упорност и чувство на смиреност.

На кратко, тој сака жена која го гледа како херој што отсекогаш сакал да биде.

  1. Не обидувајте се да го промените

Кога станува збор за „добивање“ на маж, постои една работа што не смеете да ја правите доколку сакате маж да ве сака и да гледа иднина со вас - не однесувајте се кон него како во форма на пластелин.

Ако треба да се „вовлечете“ во неговиот круг на пријатели против неговата волја, или да го смените неговиот начин на облекување и му зборувате што треба да прави - подобро да се откажете. Пронајдете некој што можете да го почитувате и цените, без да мора да го „поправите“. И не заборавајте - ако мажот сака ваша помош, тој ќе ја побара.

  1. Покажете му благодарност

Мажот има два основни подароци што може да им ги понуди на жените - можност за заштита и сигурност. Ако е подготвен да го ризикува својот живот за да го заштити вашиот и да го вложи своето време, талент и финансии, сè што сака е барем малку благодарност за возврат.

Мажите сакаат жени кои ја ценат нивната посветеност, дури и ако не можат да дадат сè што сакаат. Значи, ако сакате момче да го гледа најдоброто од вас, единственото нешто што не смеете да го направите е „да го земете здраво за готово“ и да не ја почитувате неговата работа.

  1. Искрено се грижите за него

Ако на мажот е да штити и да ја обезбеди својата сопруга и семејството,  што тој сака од неа за возврат? Едноставно кажано, женската убавина и благодат привлекуваат маж и честопати се рефлектираат во нејзината вродена способност да се грижи за нејзината „посилна половина“.

Вистинската убавина на врската е кога две лица ќе имаат желба да дадат, а не само да земат. Тогаш се ослободува магијата.

  1. Бидете оптимисти и дозволете си да сакате и да бидете сакани

Можеби никогаш нема да знаете колку човек навистина сака да ве задоволи ако е во можност. Проблемите во врските се јавуваат кога мажот повеќе не мисли дека може да ве задоволи.

Мажите се многу едноставни суштества. Ако сте премногу несреќни и му го кажете бидете сигурни дека тој ќе го доживее како личен неуспех.

Напротив, ништо не го прави мажот толку успешен како моментот кога ве прави среќна - затоа позитивната, среќна и светла жена со смисла за хумор е толку привлечна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk