logo
logo
logo

Жената на која и беше кажано дека нема да може да роди, СЕГА ИМА ДУРИ 10 ДЕЦА

Vecer | 03.08.2021

Жената на која и беше кажано дека нема да може да роди, СЕГА ИМА ДУРИ 10 ДЕЦА

40 -годишната Алисија и Џошуа Догерти (42) од Њујорк се обидувале да имаат бебе девет години, но имале 11 спонтани абортуси. Иако им беше кажано дека нема да можат да имаат деца, тие сега се горди родители на 10 дечиња.

Алисија била уништена кога и рекле дека нема да може да роди, но таа ги изненадила сите и родила дури четири деца, а посвоила уште шест.

Семејството започнало да расте во 2010 година, кога Алисија и Џошуа го посвоија Алекс,  кој сега има 15 години. Алисија полетала за Јужна Дакота за да го земе четиригодишниот Алекс и го однесе дома.

- Беше лудо, го напуштивме Њујорк без деца и се вративме дома со нашиот син. Беше толку неверојатно што конечно имаше дете во куќата. Влета во собата и беше толку возбуден и извика „мамо, тато“, беше многу среќен што не имаше - рече Алисија.

Само шест дена откако го донесоа Алекс дома, Алиша дознала дека е бремена.

- Џошуа и јас бевме во шок со часови. Тоа беше неверојатно “, рече таа.

Ќеркичката Зои ја роди во 2012 година. Една година подоцна, тие го посвоија Џејмс, сега 14-годишно момче. Алисија тогаш дознала дека е повторно бремена и го родила сега седумгодишниот Даш. Прогестеронот кој Алисија го земала ја зголеми нејзината плодност.

Големото семејство се зголемило за уште два члена во 2015 година, кога им се придружија близнаците Џордан иЏејсон. Алисија го роди синот Боди (2), ќерка Харл (2) и ги посвои Патрик (12) и Бри (10).

-Живеам во луда хаотична куќа, но сега сум навикната и никогаш не би ја променила. После години размислување дека никогаш нема да имам дете, сакам да го отворам срцето за што е можно повеќе деца. Сигурна сум дека ќе посвоиме повеќе - рече Алисија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk