Сè започнало откако било запрено комбе, управувано од неименувана жена од Швајцарија, која се враќала од одмор.
„Ништо спорно“
За време на проверката, жената почна да го вади багажот од комбето. Еден по еден, цариниците на крајот изброија неверојатни 55 куфери!
Секој беше темелно прегледан со рендгенски апарат, и на крајот беше утврдено дека нема неправилности, нема обиди за шверц, ниту поседување забранети производи, објавува Хојте.
„Куферите содржеа разни лични работи на патничката. Ништо спорно“, изјави портпаролот на Федералната канцеларија за царина и гранична заштита.
Едно нешто останува тајна
Сепак, што носела жената во 55-те куфери останува тајна. Надлежните органи не сакаа да откријат дополнителни информации, а само е јасно дека за време на проверката не е пронајдено ништо спорно.
Во пракса, толку голема количина багаж не е забранета.
Жителите на Швајцарија имаат право да внесуваат лични предмети во земјата без плаќање царински давачки, под услов да ги имале при заминување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата