logo
logo
logo

Жена се заглави во тобоган на крузер, снимката е хит (ВИДЕО)

Vecer | 27.09.2025

Жена се заглави во тобоган на крузер, снимката е хит (ВИДЕО)

Снимката од нејзината борба за да излезе стана вирална и ги згрози речиси осум милиони луѓе кои го гледаа видеото.

Објавата, споделена на TikTok од корисникот Кајла, прикажува жена како се обидува да се ослободи од проѕирен дел од тобоганот што виси над океанот. Додека жената се бори, во позадина се слуша глас кој вели: „О, Боже, таа буквално е заглавена“.

@kaylamierzejewski Nothing beats a jet 2 holiday! #cruise #jet2holiday #waterslide #scary #allsokay ♬ Jet2 Advert - ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧

Видеото собра речиси 10 илјади коментари

Видеото предизвика лавина од вознемирени реакции во коментарите, при што многумина признаваат дека сцената им предизвикала непријатност и паника. „Дали некој друг има напад на паника додека го гледал ова?“, праша еден корисник, додека друг додаде: „О, Боже, не можам да дишам. Како воопшто да се извлечеш од ова?!“.

За многумина, ова видео инспирираше и нов страв. „Ова е огромна фобија за мене. Како... Што ако не знаат дека сум заглавена и продолжат да ги праќаат луѓето надолу?“ пишува во еден од коментарите. „Треба да знам како се извлекла“, додаде некој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk