Еден TikToker случајно сретнал брачен пар на улица и ги замолил да направат брз тест за доверба. Ситуацијата на крајот отиде во насока каква што никој не очекувал.
„Можете ли да ги проверите телефоните едни со други и да видите дали вашиот партнер има апликација за запознавање?“ TikToker прашал момче и девојка, кои откриле дека биле во брак две години, а претходно биле во врска шест години.
Дечкото веднаш ја погледнал својата сопруга и рекол дека смета дека „нема потреба“ за ова бидејќи нивната врска е изградена на доверба и лојалност. Сепак, девојката се насмевнала и го уверила со зборовите „зошто да не“, а потоа инфлуенсерот објаснил како овој тест може да се направи на друг начин.
Имено, тој им претставил апликација која со внесување на неколку лични податоци може да провери дали некоја личност има профил на апликација за запознавање, како и пред колку време била активна.
После тоа, TikToker ги внесе името, презимето и возраста на мажот, а резултатите ја разочараа неговата сопруга. Екранот покажал дека тој има профил на позната апликација за запознавање и дека бил активен пред пет месеци. Девојката во неверување го оттурнала, се свртела и побегнала од него. Тиктокерот ја повикувал, но таа не сакала да се сврти.
@hustlersartillery They were married… #real ♬ original sound - uncle
Покрај сопругата, разочарани биле и луѓето во коментарите, особено што девојката гордо го покажа свршеничкиот прстен за кој нејзиниот партнер тврдеше дека штедел долго време, уште од средно училиште. „Навистина се надевам дека ова е чин“, „Кога рече дека нема потреба да се проверува, знаев дека е лажго“, „Кутро девојче“, беа коментарите под објавата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата