logo
logo
logo

За крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети потрошени неверојатни 86 милиони евра

Vecer | 22.11.2024

За крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети потрошени неверојатни 86 милиони евра

Во својот годишен извештај, британскиот Оддел за култура (DCMS), кој беше одговорен за организирање на крунисувањето, прецизираше дека самата церемонија чинела 50,3 милиони фунти (60 милиони евра), а 21,7 милиони фунти (26 милиони евра) се издвоени за безбедносни трошоци, пренесува Ројтерс.

Од DCMS посочуваат дека крунисувањето беше можност да се соедини целата земја и да се зајакне националниот идентитет, како и да се претставува Велика Британија во светот.

Се прецизира дека по повод крунисувањето на кралот Чарлс биле објавени повеќе од 100.000 вести, како и дека настанот го следеле две милијарди луѓе во 125 земји.

Крунисувањето на кралот Чарлс беше помалку луксузно од крунисувањата на неговите претходници, вклучително и неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, што ја одразува помодерната ера во која многу Британци исто така доживеаја финансиски тешкотии, наведува британската агенција.

Кралот Чарлс и кралицата Камила беа крунисани на 6 мај 2023 година, што беше најголемиот свечен настан во Велика Британија во последните седум децении, на кој присуствуваа 100 светски лидери, пренесува Танјуг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk