logo
logo
logo

Како во минатото ГО МЕРЕЛЕ ВРЕМЕТО

Vecer | 05.02.2021

Како во минатото ГО МЕРЕЛЕ ВРЕМЕТО

Мерењето на времето постои уште пред  да биде направен првиот часовник. Всушност, денешните временски мерки датираат уште од тие антички времиња.

Поделбата на времето во денот на 24 дела, се претпоставува дека доаѓа од старите Сумери. Не е јасно зошто баш 24, иако постојат неколку теории што го објаснуваат.

Една од поинтересните ја поврзува анатомијата на човечката рака со овој број: ако го свиткате палецот и погледнете внатре во раката, ќе забележите дека секој од вашите четири испружени прсти е поделен на три дела, така што имате дванаесет еднакви делови пред вас. Според оваа теорија, ова го олеснувало броењето на часовите во текот на денот, така што денот бил поделен на 12 дела.

Најстариот пронајден сончев часовник бил користен во Египет, пред околу 3500 години, иако се претпоставува дека човекот го мерел времето и пред тоа. Во античка Грција, се верува дека првиот часовник го направил Анаксимандер Милетски, околу 560 година п.н.е.

Сончевиот часовник е преземен Римјаните го презеле во 293 п.н.е. Во средниот век, должината на часовите и деновите не била апсолутна, бидејќи од зори до зајдисонце, секогаш поминувале дванаесет часа, без оглед на годишното време.

Првиот механички часовник е направен во 10 век од монахот Герберт (947–1003). Во германска хроника од 997 година, владиката Титмар вели дека Херберт градел часовници во Магдебург, и тоа било многу добро, затоа што ги набљудувал ѕвездите според кои морнарите се воделе на своите патувања. Сепак, часовникот на Херберт морал да се прилагодува на секои неколку часа.

Механичките часовници влегоа во поширока употреба само неколку векови подоцна, а во 14 век, денешната временска скала станала општо прифатена.

Во тоа време бил изграден првиот астрономски часовник, изграден од Џовани де Донди во 1364 година. Неговиот астрариум содржел вечен календар и го покажувал движењето на Сонцето, Месечината и планетите. Не е познато колку бил точен, но се прилагодувал секој ден.

Првиот часовник со клатило бил конструиран од холандскиот физичар Кристијан Хајгенс во 17 век. Тој ја пресметал должината на клатилото точно врз основа на математичка формула.

Денес, се смета дека најточни часовници се атомските.

Првиот е направен во 1949 година во Националното биро за стандарди на САД, меѓутоа, не може да се каже дека тој навистина бил точен.

Само атомскиот часовник базиран на промените на атомот цезиум-133, што го направил Луис Есен во Националната физичка лабораторија во Велика Британија во 1955 година, се смета за навистина прецизен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk